Основни принципи за избор на слика
Пред да започнете VTS дискусија, важно е да се разгледаат основните принципи за избор на слики:
- Сликата мора да е соодветна со развојната позиција на гледачот.
- На гледачот му е потребна позната почетна точка.
- Tемата треба да го интересира гледачот.
- Сликата треба да прикаже приказна која може да се интерпретира различно
- Редоследот на сликите треба да биде предизвик.
Погледнете ги предлог сликите во ГАЛЕРИЈА
* Соработката, поврзувањето и комуникацијата се белег на Стратегиите за визуелно размислување развиени од Абигејл Хаузен (Abigail Housen) и Филип Јенаван (Philip Yenawine), основачи на Визуелното Разбирање во Образованието. Нивната пионерска работа го инспирираше развојот на Институтот за визуелни уметности (Institut für Visuelle Bildung) и некои делови од работните документи или други материјали може да вклучуваат јазик и информации кои се дел на VTS New York.